Рускиот тенисер, Данил Медведев е решен еден ден да биде најдобар тенисер во светот.

Тој игра во неверојатна форма во втроиот дел од сезоната и можно е до крајот на оваа година да го помине Федерер кој во моментов е на третото место на планетарното рангирање.

„Тешко е да објаснам. Јас бев задоволен и кога бев на 15 место на АТП ранг листата. Потоа сакав да влеза во водечката десетка што никогаш не е лесно но успеав во тоа. Можев да си кажам дека тоа е доволно, но не сакам да застанам. Сакам да видам до каде можам да стигнам. Верувам дека тоа може да биде и првото место на АТП листата и работам напорно за да го остварам тоа.“ – изјави Данил Медведев.