Рускиот тенисер Данил Медведев му оддаде признание на Новак Ѓоковиќ после финалето на Австралија опен. Србинот во борбата за титулата го совлада Медведев со убедливи 3:0 (7:5, 6:2, 6:2) и го освои трофејот број 9 во Мелбурн.

„Никогаш не е лесно да зборува кога ќе изгубите финале на Гренд слем. Му честитам на Новак. Ја освои деветтата титула во Австралија, што е неверојатно. И ова не е последна. Неверојатно е, немам зборови“- кажа Медведев на церемонијата за доделување на пехарот.

Русинот се присети и кога прв пат го запознал Србинот.

„Ќе ви раскажам една приказна. Кога прв пат го запознав Новак бев 500-ти или 600-ти во свет. Тој беше прв. Мислев дека да разговара со мене, бев срамежлив. Но тој ми пријде, разговараше со мене како пријател. Тоа никогаш не се промени. Ти благодарам, голем шампион си“– ијзави Медведев.

На крајот Медведев му заблагодари на својот тим и навивачите.

„Секако, благодарам на мојот тренер и сопругата. Не беше ова мој најдобар натпревар. Секако, сакав да трае мечот подолго, но не беше мој ден“– смета Медведев.

Медведев втор пат во кариерата е поразен во финале на Гренд слем. А од понеделник е биде трет тенисер на АТП листата.