Освојувачот на Завршниот АТП турнир во Лондон, Данил Медведев верува дека организаторот на Австралија Опен направил добра работа со одлуката да го одложи стартот и да ги запази сите Ковид-19 протоколи за заштита од вирусот.

„Колку јас што знам, Тенис Австралија соработуваше со властите и ова беше единствената опција за турнирот да се одржи, прават се што можат за да имаме услови за супер турнир, и донесоа правилна одлука што решија да го поместат почетокот за 8 февруари. Оваа сезона беше малку чудна. Играв на тешки турнири во САД по пола година пауза. “ – изјави Медведев.

Австралија Опен наместо од 18 јануари ќе се игра од 8 фервуари 2021 година.