Бугаринот Григор Димитров го задржа Новак Ѓоковиќ на првото позиција на АТП листата, откако успеа да стигне до победа над Данил Медведев кој се закануваше да го земе врвот од Србинот.

Бугарскиот тенисер успеа да се пласира во четврт-финалето откако успеа да го елиминира првиот фаворит на турнирот во Индијан Велс со 4:6, 6:4 и 6:3. Димитров ја прекина низата од 18 последователни победи на Медведев на тлото на Северна Америка, а до триумфот дојде откако беше пред елиминација бидејќи во еден момент Русинот водеше со 6:4 и 4:1.

Стефанос Циципас во три сета го елиминираше Алекс де Минаур, а третиот фаворит Александер Зверев беше поуспешен од Гаел Монфис. Турнирот во Индијан Велс заврши за шестиот фаворит Каспер Руд по поразот од Диего Шварцман додека Хуберт Хуркач беше поуспешен од Аслан Карацев.

Место меѓу осумте најдобри на турнирот обезбедија уште Тејлор Фриц, Камерон Нори и Николоз Балашвили.