Светската јавност е во трилема, кој е најдобар на сите времиња од Ѓоковиќ, Федерер и Надал. Помалдиот од браќата Мекинро, Патрик предвидува дека Србинот има шанси да биде најдобар меѓу најдобрите.

Федерер има најмногу Грен слем титули, вкупно 20. досега, Надал е крал на земја со 18, Ѓоковиќ има 16 но и подобра статистика во меѓусебните дуели со двајцата конкуренти.

Патрик Мекинро прогнозира, доколку Ѓоковиќ игра на нивото на Федерер на 37 гони тогаш ќе успее да биде најдобар на сите времиња, Србинот тоа го може бидеќи има неверојатен физички капацитет.

„Федерер има 38 години, игра на многу високо ниво и со силен интензитет и по четири часа игра. Тоа е неверојатно. Ако Ѓоковиќ биде способен да го направи тоа за пет  години, тој ќе биде најдобар на сите времиња бидејќи има многу Гренд слемови каде ќе настапува“ – изјави Патрик Мекинро.