Легендарниот тенисер, Џон Мекинро ги анализираше најдобрите тенисери од светот пред почетокот на најважниот турнир во годината, Вимблдон.

Мекинро смета дека движењето е многу важно , Ѓоковиќ и Борг се двајцата тенисери кои најдобро работат со нозете, зад нив се  Федерер и Надал, смета Мекинро.

Мекинро ги коментираше  и шансите на тројцата најдобри тенисери за титулата:

„Тешко е да изберете еден од Новак, Рафа и Роџер, сепак мислам дека за да станете шампион на Вимблдон годинава ќе морате да го победите Новак, многу нешта ќе зависат и од ждрепката, можни се и изненадувања,Циципас е извонреден тенисер„ -изјави Мекинро.