Џон Мекинро се надева на брз рестарт на тенисот, тој е оптимист дека УС Опен ќе се одржи, без публика спортот не е „вистински“, но подбро некаков, отколку никаков тенис…

Легендарниот тенисер на индиректен начин го нападна Ѓоковиќ, организацијата на Адрија тур покажа многу работи, една од нив е како не треба.

„Мислам дека без публика ќе биде чудно, се надевам дека ќе се одржи УС Опен, јас сум од среќниците кој не се зарази со коронавирусот, треба да бидеме внимателни. Бизарно е тоа што се случи на Адрија тур, тенис не се играше а вие гледате како се организира турнир на кој трибините се полни…Се надевам дека луѓето ќе внимаваат повеќе, луда работа е да се дозволи присуство на трибини на толку голем број на луѓе“ – изјави Мекинро.