Легендарниот Џон Мекинро во свој стил одлучи јавно да ја прокоментира формата и начинот на кој игра во моментов првиот светски рекет.

„Знаете, за сите противници важи истото правило. Мака им е од константноста на Новак Ѓоковиќ. Тој многу високо ја постави летвичката“ – изјави Мекинро за време на коментирањето на мечевите на Вимблдон за британската Би-Би-Си.

Ѓоковиќ во осминафиналето на неофицијалното светско тениско првенство ќе игра против Уго Хумерт.