Џон Мекинро е легенда во светскиот тенис, тврди дека Новак Ѓоковиќ има најглоеми шанси за победа на Вимблдон 2019.

Ѓоковиќ е шампион од минатата година, утре во финалето се среќава со Роџер Федерер во нова епска битка, легендарниот Мекинро предвидува дека актуелниот број 1 во светот ќе ја одбрани титулата.

„Доколку Федерер не го подигне нивото на игра нема шанси за успех против Ѓоковиќ, тој игра во врвна форма, Федерер има шанси да победи, но предвидувам победа на Ѓоковиќ во четири сета“ – изјави Мекинро.