Данил Медведев продолжи да ниже победи и да се приближува на првото место на АТП листата. Рускиот тенисер го победи Филип Крајинпвиќ со 6:2, 7:6 и се пласираше во финалето на Мастерсот во Индиан Велс.

Тоа значи дека четири победи го делат од преземање на првото место од први ноември од Новак Ѓоковиќ, тенисерот кого го победи неодамна во финалето на УС Опен и е рекордер по бројот на недели минати на позицијата број 1.

Од први ноември на двајцата им се тргаат бодови од три турнири. Со оглед на тоа што Ѓоковиќ губи повеќе, први ноември ќе го дочека со 10.340 бодови. Од друга страна со освојување на Индијан Велс Медвев би имал 10.575 бодови.

На патот до титулата во моментов му стои 23-от носител Григор Димитров, а на турнирот останаа и тенисери како Матео Беретини, Каспер Руд, Александер Зверев, Енди Мареј…

Треба да се напоменеме дека неговото владеење би траело само една недела до новото пресметување на бодовите. Ѓоковиќ и Медведев водат борба за позицијата број 1 на крајот на годината, а тука Ѓоковиќ е во голема предност, затоа што рускиот тенисер треба да ги освои сите турнири до крајот на годината, а српскиот тенисер да освои помалку од 500 бодови.