Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја освои титулата на завршниот Мастерс во Гвадалахара, бидејќи во последната пресметка беше подобра од Естонката Анет Контавеит со 2:0 во сетови.

Во моментов, петата тенисерка во светот ја совлада третопласираната на ВТА листата  со 6:3, 7:5 за 99 минути игра и стана првата Шпанска тенисерка кој ја освоила завршниот турнир.

Двојната грен слем шампионка и првиот и вториот сет ги реши со серија од четири гема. Во првиот тоа се случи со водство на Контавеит од 3:2, додека во вториот во голем стил ја надополни разликата од 5:3, за крајот на мечот.

„Генерално, мислам дека ова е најдобрата година за мене. Можеби не сум освоила Грен слем, но длабоко верувам дека бев многу посреќна и помирна, а помалку драматична. Многу сум среќена поради тоа“, изјави 28-годишната Мугуруза по финалето.

Во конкуренција на двојки трофејот го освоија Чесинките Барбора Крејчикова и Катерина Синијакова со победата над тајванско-белгиската комбинација Су-Веи Ксие / Елиз Мертенс 6:3, 6:4.8