Светскиот рекет број еден , Новак Ѓоковиќ вчера успеа да слави победа против Италијанскиот тинејџер Мусети во крајно возбудлив дуел , кој на крајот за жал Мусети го предаде поради повреда.

Денешните информации кои ги даде Италијанецот говорат дека не се работело за повреда туку едноставно Мусети бил немоќен да освои поен па мислел дека предавањето на мечот  е најдобра опција и за него и за гледачите.

„Не го предадов натпреварот поради повреда. Имав малку грчеви и болка во грбот, но јас повеќе не можев да освојам ниту еден поен. Тоа не беше добро за публиката и затоа одлучив да се предадам. Немав повеќе шанса, мислев дека тоа е најдобро решение“, изјави Мусети. 

Без разлика дали го предаде мечот или не , Ѓоковиќ стигна до нова победа и пласман во следната рунда а таму го чека уште еден Италијанец односно Матео Беретини.