Рафаел Надал и Роџер Федерер ќе играат егзибиционен меч во Јужна Африка, а билетите за овој настан „пламнаа“ за само десет минути.

Двајцата тенисери  важат за едни од најдобрите во историјата на „белиот спорт“ ќе играат ревијален дуел во Кејп Таун, кој ќе биде од хуманитарен карактер.

Организаторите на популарниот меч „Федал“ истакнаа дека билети 48.000 билети се распродадени за само 10 мнути што доволно ја поажува популарноста на овие двајца низ секој дел од Земјината топка.

Мечот меѓу Федерер и Надал ќе се игра на 7 февруари, 2020 година, на стадионот на Кејп Таун.