Британецот Енди Мареј размислува заедно со Серена Вилијамс да настапат во мешани двојки на Вимблдон 2019, ова го јавуваат медиумите од Англија кои не ја икслучуваат оваа комбинација.

Невообичаено жешко време во Лондон, над 32 степини целзиусови, доплнително Мареј и Серена ја загреаа ситуацијата пред утрешниот почеток на нефоцијалното светско првенство ов тенис, најавуваат настап во мешани двојки на турнирот.

„Времето е убавао, тоа ме мотивира да играм во мешани двојки, мислам дека со Серена ќе бидеме совршени,  престиж е да се победи и во оваа конкуренција“ – изјави Мареј.

Серена Вилијамс исто така е расположена за настап во мешани двојки, дополнително ја „запали“ публиката со изјавата:

„На располагање сум ,добро се чувствувам, ќе почекаме  и ќе решиме, секако сакам да настапам во мешани двојки, тоа  е убав предизвик“ – изјави Серена.

Вимблдон 2019 започнува утре, на централниот терен прв меч е дуелот меѓу Ѓоковиќ и Колшрајбер.