Шпанецот Рафаел Надал нема проблем да се вакцинира доколку тоа биде обврска, настапите на турнирите значат многу патувања, доколку вакцинација биде задолжителна, тој нема прболем да ги почтува препораките.

Новак Ѓоковиќ предизвика бура реакции кога изјави дека вакцинацијата не смее да биде задолжителна, доколку биде тој нема да се вакцинира.

Неговиот ривал од тенисот, Рафаел Надал има поинакво мислење.

„Ако треба да се вакцинираме јас ќе го направам тоа, имаме многу патувања, настапи на турнир, доколку без вакцинација нема да смееме да патуваме, тогаш ќе мора сите да се вакцинираат, секако тоа важи и за Ѓоковиќ“ – изјави Надал.