Рафа Надал со освојувањето на УС Опен дојде до 19 титула од Грен слем турнирите и му недостигна уште една за да се израмни со рекордерот Федерер.

„Мислам дека Федерер игра затоа што ужива во тоа. Сигурен сум дека сака да ја заврши кариерата со најголем број на освоени Грен слем титули. Разбирам зошто ми го поставувате тоа прашање но тоа е дебата во која не сакам да учествувам.“ – изјави Надал.

Шпанскиот тениски Ас сериозно притиска и за првото место на АПТ листата каде во моментов е Новак Ѓоковиќ.