Рафаел Надал игра беспрекорно добро на УС Опен, тој се пласираше во четвртфиналето  откако изминатата ноќ го победи Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови.

Веднаш по мечот, Шпанецот одговараше на новинарски прашања, едно од нив беше  и за свирежите од страна на публиката упатени кон Ѓоковиќ кој го предаде мечот со Вавринка поради повреда.

„Навистина сметам дека Новак тоа не го заслужи, тој е одличен спортист, ако морал да го предаде мечот, тогаш навистина морал. Таква одлука е многу болна, никој не сака да предаде меч поради повреда“ – изјави Надал.