Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го изедначи рекордот на Роџер Федерер.

Надал со победата над Ришард Гаске во втората рунда на Ролан Гарос стигна до својата 102 победа во Париз на 104 натпревари, со што го изедначи рекордот кој го има Швајцарецот.

Роџер Федерер исто така има 102 победи, но на Австралија Опен, а една помалку на Вимблдон.