Шпанецот Рафаел Надал немаше проблеми со Јаник Синер и со 3-0 победа стигна до четвртфинале на Ролан Гарос.

Мечот траеше нешто повеќе од 2 часа, Надал беше супериорен и со 7-5, 6-3 и 6-0 запиша убедлива победа.

За Надал ова е трета победа против Синер од Италија и сите три на земјена подлога, во Рим и минатата година на Ролан Гарос.

Противник на Надал во четвртфиналето е Диего Шварцман.