Рафаел Надал по десетти пат го освои Мастерсот во Рим. Во финаелто по 2 часа и 49 минути со 7:5, 1:6, 6:3 славеше против Новак Ѓоковиќ.

Со оваа победа Надал се изедначи со Ѓоковиќ по бројот на Мастерст титули, двајцата имаат по 36. Воедно Рим е четврти турнир во кој има барем десет титули. Пред тоа најмалку десет пати ги освојуваше Ролан Гарос, Барселона и Монте Карло. Во меѓусобните натпревари е 29:28 за Ноле.

Првиот сет Шпанецот го доби со подобра игра во решавачките моменти, а потоа во средината на вториот сет доживеа голем пад во играта. Одлучувачкиот момент се случи на 2:2 во третиот сет, кога Надал со помош на врвот на мреѓата спаси брејк топка. После тоа освои три гејма по ред и Ѓоковиќ кој Надал го нема на земја победено шест години, веќе не успеа да се врати.

На Надал ова му е 88-ма титула во кариерата, додека Ѓоковиќ има шест помалку.