Рафаел Надал нема да настапи на Грен слемот во САД, нема услови за безбден настап на УС Опен.

Шпанецот ги информирал организаторите дека не е безбедно да се патува во САД, ризикот од Ковид-19 е преголем и го пропушта овој голем турнир.

„Сериозно ја анализирав ситуацијата, долго размислував, решив да не настапам на годинашново издание на УС Опен. Ситуацијата е комплицирана и не сакам да прифатам таков голем ризик, Ковид-19 е глобален проблем“ – изјави Надал.

На турнирот нема да настапи и повредениот Федере, сега Ѓоковиќ е прв фаворит за титулата до која може да се „прошета“.

Според најавите „УС Опен“ ќе се организира во периодот од 31 август до 13 септември 2020 година, за прв пат по 1999 година на престижниот турнир нема да настапат Федерер и Надал.