Рафаел Надал го откажа учеството на УС Опен, овој Грен слем се игра кон крајот на август и почетокот на септември.

Шпанецот објасни кои биле причините зошто нема да настапи на овој голем турнир во време на корона криза.

„ Кризата во светото со Ковид-19 е првата причина, ситуација во моментов е далеку од тоа да биде под контрола, затоа решив да се откажам од настап на УС Опен. Во консултација со мојот тим одлучивме да не патувам во Њујорк. “ – изјави Надал.

Покрај Надал на УС Опен нема да настапи и Федерер поради повреда, неизвесен е настапот на Ѓоковиќ.