Рафаел Надал доживеа тежок пораз од својот најголем ривал Новак Ѓоковиќ во финалето од АТП Купот кој се одржува во Сиднеј.

Шпанецот загуби со 6-2 и 7-6, а во текот на мечот беше видно изреволтиран од навивачите од Србија, кои на трибините правеа фудбалска атмосфера, што во тенисот не е дозволено.

„Искрено, публиката беше фантастична секој ден, но понекогаш луѓето од некои земји не сфаќаат како тенисот функционира, мислат дека е фудбал. Почита мора да биде присутна, а тоа кај некои луѓе на трибините го немаше“-изјави Шпанецот.