Рафаел Надал победи на УС Опен и освои 2000 бода, сега има 640 помалку од Новак Ѓоковиќ но изјави дека приоритет не му е борбата за првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ до крајот на сезоната брани 2600 бода а Надал ништо, тоа е голема шанса крајот на годината да ја заврши како број 1 , сепка Шпанецот вели  дека тоа не му е приоритет.

„Не се натпреварувам за да бидам прв на листата, само си ја работам својата работа. Ако така успеам да дојдам до првото место во ред, супер. Повторувам, не ми е целта прво место, сакам да сум во натпреварувачки ритам во неделите кога играм мечеви“ – изјави Надал.

Објективно Надал има голема шанса да го симне Ѓоковиќ од првото место со оглед на фактот дека Србинот има проблеми со повредата на рамото и неизвесно е каде и дали ќе настапува  до крајот на годината.