Освојувачот на овогодинешното издание на Ролан Гарос, Рафаел Надал тврди дека има сила за нови подвизи во иднина и покрај тоа што медиумите го тврдат спротивното.

„Мислам дека постигнав нешто многу важно, повторно го освоив еден од најважните турнир на светот, за мене 13-ти а со тоа се изедначив со 20 освоени грен слем трофеи на вечната листа со Федерер. Моментално сум меѓу најдобрите двајца во историјата на тенисот. Среќен сум, и ќе видеме што ќе се случи во следните неколку години. “ – изјави Надал.

Шпанецот им посочи на новинарите дека многу пати досега тој покажал дека не се во право и дека се има што да каже на теренот пред да замине во пензија.