Вториот тенисер на светот Рафаел Надал призна дека не би сакал да Новак Ѓоковиќ ја заврши кариерата со повеќе Грен слема од него.

После првиот турнир од големата четворка, Шпанецот призна дека навивал за Доминик Тим против Ѓоковиќ, кој го освои 17.Грен Слем трофеј во кариерата и сега има само два помалку од него.

„Светот во кој живееме е некако дволичен. Имам добар однос со Доминик како и со Ѓоковиќ. Но, ако ме прашате дали сака Новак да освои повеќе Грен Слема од мене, секако одговорот е не. Тоа е реалнотста“-потенцираше Рафа.

Надал во моментот се наоѓа во Акапулко каде ќе ја брани титулата освоена минатата година.