Пандемијата предизвикана од Ковид-19, сè уште го мачи Рафаел Надал, тој нема конечна одлука дали ќе настапи на најголемиот спортски собир годинава.

Олимписките игри во Токио се голем предизвик за сите спортисти, но Надал се двоуми дали да настапи на тенискиот турнир.

„Сè уште не знам, не сум сигурен дека ќе настапам. Условите не се нормални, да беше сè како порано, мислам дека воопшто ова прашање не би било ни поставено. Пандемијата ни ги смени плановите, ние тенисерите имаме необични животи, сите тие патувања, неизвесности, носат голем ризик“ – Надал.

Според календарот, Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.