Рафаел Надал е прв фаворит на АТП турнирот од серијата 500 во Барселона, Шпанецот говореше на прес-конференција во пресрет на овој турнир, за кариерата, за плановите до кога ќе игра …

Шпанецот е во фокусот на вниманието, Надал изјави дека знае кога нема да игра, но и знае што ќе прави по завршувањето на кариерата.

„Не можете да предвидите што ќе се случува, но едно знам, нема да играм тенис на 45 години, знам и дека по завршувањето на кариерата ќе продолжам да го работам ова, тенисот е мојот живот“ – изјави Надал.

Надал 11 пати победуваше на АТП турнирот во Барселона, сега е повторно фаворит број еден.