Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на крајот на оваа седмица може повторно да се врати на челото на АТП-листата и да го потисне Новак Ѓоковиќ.

Надал е дел од турнирот во Акапулко, додека Ѓоковиќ игра на турнирот во Дубаи. За да го потисне Ѓоковиќ од првата позиција, Надал треба да го освои турнирот во Мексико, но и под услов Ѓоковиќ да не стигне до полуфиналето во Дубаи.

Надал денеска стартува во Акапулко со мечот против Пабло Андухар, додека Ѓоковиќ ќе одигра меч за четврт-финале со Филип Колшрајбер.