Рафаел Надал го победи Данил Медведев од Русија на „Роџерс Купот“ во Монтреал Мастерс од серијата 1000. За Надал ова е 35 титула на Мастерсите и вкупно 83 во кариерата.

Надал со ова ја одбрани титулата од минатата година во Монтреал, финалето се играше само 71 минута, Медведев освои само 3 гема во двата сета, 6-3 и 6-0.

За победата во Монтреал Надал заработи чек вреден 1.1 милион долари.