Вториот светски рекет во моментов, Рафаел Надал, сеуште нема потврдено дали ќе настапи на Олимписките игри во Токио ова лето.

Надал е пранешен Олимписки шампион од 2008 година, Шпанците се надеваат дека ќе настапи во Токио но тој сеуште не го потврдил учеството на најголемиот собир на спортистите оваа година.

„Сеуште не сум решил дали ќе настапам во Токио, оваа сезона ќе биде многу напорна и не сум сигурен дали ќе можам да учествувам на Олимпкиот тениски турнир“ – изјави Надал за Марка.

Шпанецот внимателно ги избира турнирите на кои ќе настапи годинава, неговите ривали, Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер изразија желба да настапат во Токио.