Мечот од осминафиналето на УС Опен помеѓу Надал и Чилиќ го следеше голф легендата Тајгер Вудс. Американецот беше во можност да гледа врвен меч во кој шпанецот славеше во четири сета, а по победата му одаде почит на големиот Вудс.

Не сум имал многу идоли во животот, но еден од оние кои ме инспирирале е сигурно Вудс. Задоволство ми е што играв пред една ваква френетична публика.

Надал за место во полуфиналето ќе се бори со Диего Шварцман.