Шпанскиот тенисер Рафаел Надал заработи повреда на раката поради што мора да се повлече од Лејвер купот.  Тој денеска требаше да игра натпревари во сингл и во двојки, но воспалението кое го има на десната рака не му дозволува да го доигра овој турнир.

Во моментот на Лејвер купот Европа има предност од 7-5 против остатокот од светот.

„Одлично време минав на Лејвер купот, но сега сум разочаран затоа што нема да можам да играм во недела. Ми треба одмор бидејќи имам воспаление на мојата рака. Атмосефрата беше одлична тука во Женева и секако дека ќе бидам таму со моите соиграчи за да го поддржам тимот кој сака да го освои Лејвер купот“- изјави Надал.

За мечот во двојки замена за Надал ќе биде Стефанос Чиципас, кој ќе игра со Роже Федерер, додека во сингл противник на Ник Кирјос ќе биде Доминик Тим.