По освојувањето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ изби на првото место на АТП-листата.

Дали во немоќ или навистина така мисли, но Надал тврди дека враќањето на чело на листата не му е веќе приоритет.

Веќе подолго време не размислувам за првото место. Тоа веќе не ми е цел. Секако, ако ми се пружи шанса јас ќе ја искористам, но сега цел ми е да имам што подолга кариера. Во склад со тоа правам календар за целата сезона и ќе настапувам само таму каде навистина уживам“, вели Шпанецот.