Рафаел Надал ја доби битката со Новак Ѓоковиќ за првата позиција на АТП листата по крајот на годината, иако испадна уште во групната фаза на Мастерсот во Лондон.

Надал ја заврши годината со 9.985 бодови, 840 повеќе од Ѓоковиќ и 5 година во својата кариера завршува на првото место со што се израмни со вечните ривали Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ, единствено подобар од овие тројца е Пит Сампрас кој шест пати го освојувал трофејот за број еден.

 

„Ова е важно постигнување. Имам убав музеј во мојата тениска академија и одлично е што ќе можам овој важен трофеј да го изложам таму“, изјави Надал.

 

Со 33 години, тој е и најстариот тенисер кој ја завршил годината како број еден на АТП-листата.