Шпанецот Рафаел Надал од денеска е прв на АТП листата, но дали годината ќе ја заврши на оваа позиција ќе се знае во вторник.

Според пишувањето на „Марка“, Надал денеска бил на дополнителни медицински прегледи, незивесен е неговиот настап на завршниот турнир во Лондон.

Врз основа на резултатите од тестовите ќе се знае дали Надал ќе го брани првото место во Англија, или ќе му го препушти на Новак Ѓоковиќ.