Поранешнит светски број еден дубл, браќата  Боб и Мајк Брајан најавија дека следната сезона за нив ќе биде последна. 41-годишните близнаци од САД својата богата кариера ќе ја завршат на УС Опен следната година, а дебитираа далечната 1995 година.

„Мајк и јас решивме да ја завршиме кариерата по УС Опен, иако знаеме дека имаме големи шанси за пласман во завршниот турнир. После многу дискусии, решивме дека е најдобро да се одмориме и да се засилиме во пресрет на сезоната до 2020 година, која ќе ни биде последна на АТП-турот. Благодарни сме за можноста да ги оствариме нашите соништа, играјќи професионален тенис. Ова беше навистина магично возење“,- стои во соопштението на американската двојка.

Во текот на богатата кариера Боб и Мајк освоија рекордни 118 титули, од кои 16 на Грен слем и 39 на Мастерс турнирите.