Најдобриот хрватски тенисер Борна Ќориќ се повлекува од Вимблдон поради повреда.

Тој се здобил со повреда на грбот на последниот турнир во Хале каде во четвртфиналето му го предаде натпреварот на Хербет во првиот сет.

Ниту пружената помош од физиотерапевтот не ја подобрила неговата состојба, па тој одлучил да се откаже.

Проблемите со грбот, хрватскиот тенисер не ги надминал, па морал да го откаже и настапот на најелитниот турнир.