Во пресрет на првиот натпревар во петок против Еквадор во Дејвис купот, Шпанија остана без уште еден тенисер бидејќи 18-годишниот Карлос Алкараз бил позитивен на коронавирус.

„Во моментов сум добро и имам благи симптоми. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, а јас треба да навивам пред ТВ екранот“, изјави Карлос Алкараз, кој требаше да дебитира во Дејвис купот. На местото на Алкараз во тимот ќе дојде 60-от играч во светот Педро Мартинез Портеро.

Пред него, Шпанците останаа без Роберт Баутиста Агут, кој на тренинг се здоби со повреда на стомакот. На негово место во шпанската репрезентација дојде Алберт Рамос. Веќе е познато дека нема да игра најдобриот Шпанец Рафа Надал кој се опоравува од повредата на стапалото.

Така шпанскиот тим ќе го сочинуваат Алберт Рамос, Пабло Карено Буста, Фелисијано Лопез, Марсел Гранољерс и Педро Мартинез Портеро. Шпанија која ја брани титулата ќе гостува  а на првиот меч в петок противник им е Еквадор, додека во сабота ќе играат со Русите.