Најдобрите четворица тенисери на светот го потврдија своето учество на Мастерсот од 1.000  серијата во Шангај. Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Медведев ќе влезат во битката како главни кандидати за титулата во Кина, а првиот светски рекет Ѓоковиќ е бранител на истата.

Токму Србинот и Надал влегуваат во последната етапа од трката за првото место на АТП листата по крајот на година. Во моментот Ноле има 600 поени предност во однос на Шпанецот, но до крајот на годината Ѓоковиќ брани огромни 2.500 поени, за разлика од Надал кој не брани ништо.

Мастерстот во Шангај ќе се игра од 5 до 13 октомври.