Нема промени кога станува збор за врвот на АТП-листата, Новак Ѓоквиќ, и покрај раната елиминација од Мастерсот во Монте Карло, тој има  2.000 поени повеќе од второпласираниот Русин Данил Медведев. Зад нив се Шпанецот Рафаел Надал, Австриецот Доминик Тим и Германецот Александар Зверев.

Русинот Андреј Рублев го прескокна Роџер Федерер и сега е седми играч во светот, што е негов најдобар пласман во кариерата, а го следат Диего Шварцман од Аргентина и Италијанецот Матео Беретини.

АТП Листа:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.873 поени
2. Данил Медведев (Русија) 9.850
3. Рафаел Надал (Шпанија) 9.490
4. Доминик Тим (Австрија) 8.615
5. Стефанос Циципас (Грција) 7.860
6. Александар Зверев (Германија) 6.125
7. Андреј Рублев (Русија) 5.955
8. Роџер Федерер (Швајцарија) 5.875
9. Диего Шварцман (Аргентина) 3.720
10. Матео Беретини (Италија) 3.453