Неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон годинава треба да се одржи кон крајот на јуни и почетокот на јули, сепак се зависи од ситуацијата со коронавирусот.

Организаторите на Вимблдон објавија дека е отфрлена можноста Вимблдон 2020 да се игра без публика, опциите се одложување или нов датум.

Сите тенсики турнири се одложени до почетокот на јуни, нема да се игра тенис ни во Франција на Ролан Гарос, сега под знак на прашање е одржувањето на Вимблдон.

„Ова е неочекуван предизвик, ситуацијата со Ковид-19 никој не може да предвиди како ќе се развива.Можеме да потврдиме дека одлуката за Вимблдон 2020 ќе ја донесеме следната недела, опцијата да с еигра без публика е отфрлена“ – се вели во дел од соопштението на Ол Ингланд клуб.