Претседателот на тенискиот сојуз на Романија и сопственик на Мастерс турнирот во Мадрид, Џон Чирљак во анализата за моменталната ситуација со тенисот во светски рамки одлучи да ја прокоментира формата на Серена Вилијамс.

„Не знам што се случува со неа, се е во математиката. Со толку години и килограми колку што има во моментов, таа не се движи со истатата леснотија како пред 15 години. Серена беше сензационална тенисерка. Сега да има малку пристојност, треба да се пензионира.“ – изјави Чирљак.

Серена има 39 години и се обидува да дојде до 24 титула од Грен слем турнирите и со тоа да се израмни со остварувањето на Маргарет Корт.