Два дена за заборав во супер успешната кариера на Новак Ѓоковиќ. Србинот на овие Олимписки игри дојде со желба и како главен да го освои златото во сингл конкуренција, за на крајот да заврши и без медал во оваа категорија, откако во борбата за бронза беше поразен од Шпанецот Пабло Карењо Буста и тоа со 4-6, 7-6, 3-6.

Првиот шок за најдобриот светски тенисер дојде уште вчера, кога остана без финале по полуфанлната пресметка со Александер Зверев, иако во првиот сет беше убедлив и доминантен и го доби со 6:1.

На популарниот Ноле сега му преостанува уште една шанса да дојде до медал, но и тој евентуално би бил бронзен, не златен. Во микс дублот тој заедно со Нина Стојановиќ за третото место ќе игра против Барти- Пирс.