Тенисерот Фелисијано Лопез е обвинет заедно со Марк Лопез дека наместиле еден меч во дубл пред две години на престижниот Вимблдон.

Шпанските медиуми тврдат дека постојат аудио снимки поради кои била отворена истрага која треба да покаже дали мечот меѓу Џон Смит и Мет Рид во воведното коло од неофицијалното светско првенство бил наместен.

Во целиот скандал се вплеткани и поранешните фудбалери Раул Браво и Карлос Аранда кои веќе се теретат за местење на фудбалски натпревари во Ла лига.