Србинот Новак Ѓоковиќ е повторно под притисок, тој организираше серија на разговори во живо на Инстаграм со кои предизвика многу коментари.

Ѓоковиќ прво изјави дека нема намера да се вакцинира доколку тоа биде задолжително, говореше за работи кои не се поврзани стриктно за тенисот, поранешниот негов колега, Енди Родик смета дека некои изјави се загрижувачки.

„Тоа што го зборува надвор од теренот е загрижувачки, поготово за влијанието врз водата со молитви. Неговите изјави не се прикладни, надвор од теренот е поинаков, на теренот е неверојатен“ – изјави Родик.