Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ и натаму е неприкосновен лидер на АТП листата, на најновото рангирање, најдобриот на светот во моментов има предност од 4470 бода во однос на Рафаел Надал.

Ѓоковиќ изгуби 300 бода кои ги бранеше од лани, но годинава не настапи во Квинс, сепак и покрај ова тој е 257 недела на врвот на АТП листата на која на третото место е Роџер Федерер, тој освои 200 бода со триумфот во Хале и сега има 6620.