Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, денеска го слави 33 роденден, во кариерата освои се што можеше да се освои, 17 Грен Слем титули, се наоѓа на третото место на вечната листа.

Ѓоковиќ и Надал се израмнија по бројот на годините, и двајцата имаат по 33, но Шпанецот има 19 титулу на Грен Слем турнирите, Србинот го брка неговиот но и рекордот на Федерер кој е прв со 20 шампионски круни.

Србинот 8 пати го освои Австралија Опен, има 5 титули на Вимблдон, три на УС Опен и една ама вредна на Ролан Гарос.