Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ со својот стручен штаб во последен момент ја напушти Америка, беше на одмор и следеше дел од натпреварите во НБА но по прекинот на сезоната се реши да замине.

Ѓоковиќ буквално го фати последниот лет за Европа откако Претседателот на САД, Доналд Трамп реши да ги забрани сите летови за влез од Европа и Африка поради ситуацијата со Коронавирусот.

Поради алармантната ситуација со Коронавирусот откажани се Мастерс турнирите од серијата 1000 во Индијан Велс и Мајами.