Најдобриот светски рекет во моментов, и освојувач на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се израмни со Роџер Федерер по бројот на недели минати на врвот на АТП ранг листата.

Денешното рангирање значи 310 недела на првото место за Ѓоковиќ со што следниот понеделник на 8 март, популарниот Ноле ќе постави нов рекорд во историјата на светскиот тенис.

Ѓоковиќ за прв пат во кариерата на 1 место на АТП рангирањето се искачи на свои 24 години на 4 јули 2011 година.

По ова беше 122 недели на првото место, што е негова најголема серија, Федерер во оваа категорија го држи рекордот со 237 седмици во низа на лидерската позиција на АТП ранг листата.